недела, 21 декември 2025

Денеска и утре Османи во Брисел на НАТО состанок со министрите за надворешни работи на Алијансата

Објавено на

часот

Сподели

Централна тема на сесиите ќе бидат актуелните безбедносни состојби предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.

Министрите ќе разговараат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, односите со земјите партнери на Алијансата, како и за начините за унапредување на политичката и практична помош за партнерските земји кои се изложени на поголем ризик.

Престојот во Брисел Османи ќе го искористи за да оствари и неколку билатерални средби со своите хомолози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ