недела, 27 јули 2025
Изјава на шефот на грчката дипломатија

Дендијас: Владата проценува кога да се ратификуваат меморандумите со Северна Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Секогаш, секоја Влада оценува кој е националниот интерес и кои карти за преговарање треба да ги држи во свои раце. Така што, мислам дека грчката Влада, новата грчка Влада што ќе произлезе по изборите, за што се надевам и изразувам сигурност дека тоа ќе бидеме ние, ќе го разгледа прашањето и ќе види што е во интерес на Грција“, рече Дендијас, а пренесува МИА од Атина.

На прашањето дали би се обврзал дека по изборите меморандумите ќе бидат изгласани, посочува дека тоа не е во негова надлежност.

„Пред сè и кога би се обврзал јас, не би било важно, бидејќи ако има обврзување тоа треба да дојде од лидерот на партијата и сегашниот и иден премиер. Јас сум министер, не сум премиер“, истакна шефот на грчката дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ