недела, 21 декември 2025

Дендијас го покани Османи на средба со министрите за надворешни работи од земјите членки на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

МНР информира дека Османи во Брисел ќе се обрати пред европратениците, членови на Комисијата за надворешна политика – АФЕТ, на покана на Претседателот на оваа Комисија, Дејвид Мекалистер, а ќе има средба и со „Пријателите на Северна Македонија” во Европскиот парламент, група која е составена од европратеници, поддржувачи во ЕП и кои доаѓаат од различни парламентарни групи во ЕП.

Дополнително во Европскиот парламент, Османи ќе има и други одвоени средби меѓу кои со известителот на Европарламентот за земјава, Илхан Kучук, со координаторот во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), Михаел Галер и со координаторот на социјалистите во АФЕТ, Тонино Пицула.

Во програмата се предвидени и средби на Османи со високи официјални претставници на европските институции, меѓу кои и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи, а ќе се сретне и со својот чешки колега, Јан Липавски, велат од МНР.

„Клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија, регионалните случувања и политичките актуелности во државата, преку рефлексија на војната во Украина. Ќе стане збор и за доборососедските односи со фокус на разговорите со Бугарија и продолжувањето на реформските процеси со ЕУ предзнак“, се вели во соопштението на МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ