Како што соопшти организаторот – Демократски сили на Ромите, ќе биде претставен досегашниот постигнат напредок на Ромите во земјава.
Минатата година се навршија 50 години од одржувањето на првиот ромски конгрес, кој поради пандемијата со коивд-19 не се одбележа соодветно.
По повод Меѓународниот ден на Ромите, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат објавени општи препораки донесени од КСЗД, кои се однесуваат на различни облици на дискриминација на Ромите.






