вторник, 10 март 2026

Целодневен отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена од управувањето

Објавено на

часот

Сподели

Како што најавија од партијата, целта е потранспарентно и поотворено на граѓаните да им ги презентираат остварувањата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои веќе 100 дена управуваат со освоените 42 општини на последните локални избори во октомври.

Настанот на кој е предвидено и обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и три панел дискисии посветени на долговите на претходните градоначалници, на европските практики во локалните самоуправи и на младите, на кои ќе учествуваат истакнати членови на партијата, се одржува под мотото „Промени што носат иднина“.

„Освен овој настан во наредниот тринеделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ