вторник, 16 декември 2025

Членови од ВМРО-ДПМНЕ во Виена: Само проширување на ЕУ е вистински чекор во овие тешки геополитички и безбедносни предизвици

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на меѓународна конференција во ВиенаПретставниците на ВМРО-ДПМНЕ учестуваат на меѓународната конференција „Поврзување на Европската народна партија во регионот”, организирана од фондацијата Конрад Аденауер.

Овој настан обединува пратеници од Европскиот парламент, како и политичари од Австрија, Германија, Грција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина. Генерален заклучок на учесниците е дека во услови на сериозни геополитички и безбедносни предизвици, само вистинско проширување на Европската унија е правилниот политички одговор. Посилното обединување означува и посилна Европа.

На покана на македонските претставници, следната ваква меѓународна конференција ќе се одржи во Скопје, во месец октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ