
Според МНР, повод за ваквиот став биле изјавите од Македонија во кои политиката на Бугарија се споредува со онаа на руската агресија во Украина.
„Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека таквите цинични сугестии мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на арогантен и непринципиелен начин. Министерството за надворешни работи изразува загриженост за можното негативно влијание на ваквата кампања врз позитивните трендови на политичкиот дијалог во последните месеци“, соопшти бугарското МНР.






