петок, 19 декември 2025

Бугарските социјалисти се против укинување на ветото за Македонија додека не се сменат учебниците со вистинска историја

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за Бугарската слободна телевизија таа објасни дека на средбите со еврокомесарот за проширување, со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен секогаш изјавувале дека го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ кое е важно за безбедноста на Балканот.

„Но нема да се согласиме на сметка на бугарскиот национален интерес. Сè додека не се исполнат условите од билатералниот договор меѓу Бугарија и РСМ, додека не се почитуваат правата на Бугарите таму, додека во учебниците не биде претставена вистинската историја со почит кон бугарското достоинство и историските личности. Сè додека не се спроведе договорот меѓу двете земји, ние нема да се согласиме да почнеме преговори. Не случајно го поставивме ова прашање како црвена линија во преговорите за формирање влада. Во договорот меѓу четирите страни се наведува дека ја потврдуваме досегашната единствена позиција на Бугарија“, изјави Нинова.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ