понеделник, 15 декември 2025

Бугарите во САД со петиција во Конгресот против „Месецот на македонско малцинство“

Објавено на

часот

Сподели

Потписите ги собра патриотската организација „Пирин“, а поводот беше нацрт-резолуцијата на неколкумина конгресмени чија цел е да се одбележи придонесот на Македонците во американската историја и да се прослави „нивниот јазик и култура“.

Меѓу авторите на нацрт-резолуцијата е и конгресменката Каудија Тени којашто го покрена прашањето за санкции против Бугарија поради одбивањето да го крене ветото и да поддржи почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Таа е една од 13-те конгресмени кои му испратија писмо на бугарскиот амбасадор во САД и побараа Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија. Но, не добија одговор од него.

Како што пренесува порталот, локалната патриотска организација „Пирин“ нагласува дека многу од луѓето во нацрт-резолуцијата се наведени како Македонци, а всушност биле Бугари.

„Најстарите организации на Бугари кои емигрирале во САД нагласуваат дека нацрт-резолуцијата содржи целосни фалсификати. На пример, фактот дека има Бугари од Македонија кои емигрирале во САД после Илинденско-преображенското востание и Балканските војни, но тие во нацрт-резолуцијата се претставени како Македонци“, пренесува порталот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ