„Нашата главна цел е да ја запознаеме бугарската политичка елита со нашите проблеми и тешкотии со кои се соочуваме во секојдневниот живот во нашата земја. Воедно, отворено ќе ги поставиме прашањата за кои сметаме дека треба да се решат во блиска иднина“, изјави за БГНЕС претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој ќе учествува на разговорите во бугарската престолнина.
Бугарите од Македонија ќе ги побараат информациите за преговарачкиот процес меѓу двете земји, бидејќи „тоа директно ги засега и денес и во блиска иднина“.
„Не се работи само за заштита на нашите права, туку и за заштита на нашето културно и историско минато. За минатото на нашите предци. Нема да го пропуштиме прашањето за наше вклучување во Уставот на РСМ – како државотворен народ. За последното прашање сакам да појаснам дека не се работи за малцински права, туку за правата на Бугарите од РСМ“, вели Колев.
Дел од делегацијата на Бугарите од Македонија во Софија ќе бидат претставници од културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола, здружението „Трибуна“ – Прилеп, здружението „Македонско-бугарско пријателство“ – Скопје, здружението „Коридор 8“ – Скопје, здружението „Интеракција“ – Охрид, здружението „Единство“ -Кочани и ПП Граѓанско-демократски сојуз (ГДУ).
Делегацијата ќе биде составена од Љупчо Георгиевски, Георги Царномаров, Благој Шаторов, Владимир Перев, Атанас Величков, Игор Билбиловски, Илија Стојановски, Александар Димитровски, Димче Петкоски, Георги Трендафилов и Петар Колев.
Во јануари македонскиот претседател Стево Пендаровски се сретна со претставници на македонските организации во Бугарија, а за средбата имаше негативни изјави од бугарските власти.






