недела, 21 декември 2025

Бугарија изненадена од резултатите на пописот, голема разлика меѓу попишаните Бугари и издадените бугарски пасоши

Објавено на

часот

Сподели

„Република Бугарија во повеќе наврати истакна дека е од огромно значење да се создадат услови за слободно самоидентификување на граѓаните со бугарска самосвест во Република Северна Македонија и гарантирањето на нивните права. Во таа насока, со големо изненадување ги прифаќаме објавените податоци за бројот на граѓани кои се декларирале како Бугари на пописот во земјата. Забележуваме дека има драстична неусогласеност помеѓу овие и податоците за бројот од над 100.000 граѓани на Северна Македонија кои лично поднеле документи кои докажуваат бугарско потекло и самосвест со цел добивање на бугарско државјанство“, се вели во реакцијата на бугарското МНР.

За нив предмет на сериозна анализа е фактот што во земјава за 7,2 отсто (132.260) од граѓаните податоците се преземени од бази на податоци и не се активно пребројани на терен односно се заведени без да се утврди нивната етничка или верска припадност.

Бугарското МНР смета дека има проблем и со тоа што нема информации за бројот на државјани на Северна Македонија кои се во дијаспората, а се декларирале како Бугари.

„Ги земаме предвид сомневањата за транспарентноста и кредибилитетот на процесот искажани од организациите на Бугарите во Северна Македонија за време на пописот и при објавувањето на резултатите. Очекуваме нивниот глас да биде слушнат и од властите во Северна Македонија“, соопштува МНР на Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ