„Доколку премиерот одлучи да направи нешто на своја рака, јасно е каков е исходот. Едноставно тој повторно нема да биде премиер“, рече Свиленски.
„Нашиот став е конзистентен – Република Северна Македонија може да го продолжи својот пат кон Европската Унија по исполнувањето на договорот и декларацијата од 44-то Народно собрание. Оваа позиција е дел од коалицискиот договор. Јасно се договоривме кои услови Северна Македонија треба да ги исполни за да продолжи процесот на пристапување“, изјави Свиленски и додаде дека е тоа црвената линија од која нема отстапување.
„Тоа е црвената линија за сите бугарски граѓани. Општеството на оваа тема е обединето. Над 80 отсто од бугарските граѓани го поддржуваат ставот и на БСП и на коалициската влада, а поддржан е и од голем дел од опозицијата“, додаде тој.






