среда, 10 декември 2025

Брисел да помогне за брза деблокада на евроинтеграцискиот процес, очекува Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот, како што пишува во владиното соопштение, како охрабрувачка ја оценил брзата организација на неговата работна посета на Брисел, заради можноста највисоките претставници на ЕУ да бидат запознаени со резултатите од интензивната агенда на дијалогот помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

На двете официјални работни средби и во Скопје и во Софија, како што истакнал на средбата Ковачевски, се постигна договор за унапредување на билатералната соработка преку создавање на пет работни групи. Тој информирал дека од нивната работа се очекуваат конкретни резултати кои ќе бидат преточени во патоказ кој ќе го забрза процесот за одржување на прва меѓувладина седница на земјава со ЕУ за отворање на поглавјата за членство во Унијата.

Ковачевски уште нагласил дека е од исклучителна важност во тој процес да се вклучат Европската комисија и француското Претседателството со ЕУ за да се овозможи решенијата да бидат во согласност со европските стандарди и вредности.

„Двајцата соговорници на средбата се согласија дека од голема важност е што поскоро да започне преговарачкиот процес за Северна Македонија за да се одржи динамиката на реформите. На средбата стана збор и за ефектуирањето на финансиската поддршка од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан за проектите за железницата со Република Бугарија, за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, за парк за ветерна енергија и за соларна централа, како и за интерконекторот за гасно поврзување на Северна Македонија со Србија“, пишува во соопштението од средбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ