среда, 10 декември 2025

Борците пред амбасадорите и Владата: Македонските партизани се бореа против крволочните бугарски фашисти за македонска држава

Објавено на

часот

Сподели

Во името на боречката организација и во присуство на Никола Стојановски, претседателот на борците и учесник во НОБ, кој годинава го прослави 100-иот роденден, Буревски испрати порака да се сочува мирот и да се развива заедништво и информира дека и борците се за влегување на Македонија во Европската Унија и дека се за ЕУ без граници.

„Смрт на фашизмот, слобода на народот“, рече Буревски.

гв

Евроамбасадорот Дејвид Гир потоа, честитајќи го Денот на победата, рече дека Денот на Европа е поглед кон иднината, обновување на обврската за тоа каква ЕУ сакаме, Европа на вредности и иновации, Европа која ги вклучува младите луѓе која е конкурентна и отпорна.

„Северна Македонија е на добар пат да биде дел од оваа визија со членство во ЕУ, откако ги отвори пристапните преговори минатиот јули. Патот е отворен, а задачите се јасни“, истакна Гир и додаде дека е убеден дека со визија, обединетост и истрајност, Македонија ќе може да си го заземе своето место на земја членка на ЕУ.

„Ние сакаме да сте дел од нас, нашата визија е иднина заедно“, нагласи евроамбасадорот.

Гир посочи дека улогата на ЕУ е уште поважна додека се одвива војната на Русија против Украина. ЕУ и нејзините истомисленици, како што рече, одговорија на агресијата со неверојатна решеност и единство.

„Северна Македонија покажа неверојатно водство и неверојатно лидерство со поддршката што ја даваше за Украина и сакаме да ја поздравиме за тоа додека истовремено ја поздравуваме и храброста на украинскиот народ и оддаваме почит на мажите и жените кои се жртвуваа во Втората светска војна за да го победат фашизмот“, рече Гир.

Заменик-амбасадорот на Амбасадата на САД Ерик Мајер најнапред искажа благодарност што Македонија се бореше против нацизмот, а потоа се осврна на руската агресија врз Украина, нагласувајќи дека такво безумно непочитување на човечките животи не може да биде оправдано со ништо. 

„Да се каже дека дел од она што Русија денес го прави во Украина е некако поврзано со поразување на фашизмот е лага. Тоа е огромно искривување на историјата и е срам, но непочитување на луѓето на кои денес им оддаваме почит. За жал, руското лидерство одлучи да оди по овој погрешен, незаконски деструктивен пат, а Европа ќе продолжи да биде сигурна во својата одбрана на територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да одлучува за својата иднина во заедница на мирољубиви нации. Одлучноста на оние кои се бореа и на крај го поразија фашизмот пред 78 години беше катализаторот што создаде стабилна, европска заедница, цврста НАТО алијанса и безбедност за стотици милиони луѓе вклучително и двата милиони тука во Северна Македонија“, посочи Мајер.

Затоа, додаде, денес им оддаваме почит и мора да продолжиме да ја почитуваме нивната оставштина со тоа што ќе одбиваме да потклекнеме кога ќе се соочиме со закани по демократските начела и самоопределување. 

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на свеченото одбележување испрати порака за обединување околу вистинските европски вредности како единствен предуслов за иднината.

„Гордо се сеќаваме и даваме почит на борците кои ги бранеа своите држави и светот од најголемото зло на минатиот век, фашизмот,. Нивното дело не обврза да останеме на страна на европските и вистинските вредности, негувајќи ги слободата, толеранцијата, демократијата и дијалогот како светост. Тоа не држи во блиски односи со нашите европски партнери, стратешки сојузници со кои заедно потврдуваме дека европскиот пат на Северна Македонија е најдобриот начин за зачувување на оние вредности кои не ставале на страната на правдата и победата“, истакна Маричиќ.

Не случајно, посочи тој, Денот на Европа го чествуваме заедно со Денот на победата како успешен проект на долгорочен мир меѓу земјите во Европа.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби нагласи дека пред нас имаме прилика да покажеме храброст и лидерство сите да се обединиме за нашето членство во ЕУ.

„Нашата Влада има лидери кои се подготвени да зборуваат за помирување и сето тоа во корист на иднината на нашата земја. Сите да се обединиме, да се помириме и да работиме за иднината на нашата земја“, рече Груби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ