„Државниот секретар Блинкен ѝ се заблагодари на Северна Македонија за нејзината непоколеблива и цврста поддршка за Украина во време на континуирана брутална војна и агресија на претседателот Путин“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс
Во неговата изјава се додава дека Блинкен, исто така ја нагласил силната поддршка на САД за брз влез на Северна Македонија во Европската Унија.
Портпаролот Прајс уште рече дека Блинкен лично му се заблагодарил на премиерот Ковачевски за „посветеноста на Северна Македонија во НАТО, како најнова членка, како и за прифаќањето на евакуираните авганистански бегалци“.
Блинкен истакнал дека САД очекуваат понатамошна блиска соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за унапредување на демократијата и стабилноста во регионот.






