Превидено е Вјоса Османи Садриу во Општина Тетово да има средба со градоначалникот Билал Касами и заедничка изјава за медиумите. Потоа следуваат прошетки до основното училиште Лирија, градскиот плоштад каде ќе има музички настап со стари народни песни, како и посета на Шарена џамија, информираа од Општина Тетово.
Општината веќе подготви билборди со добредојде за косовската претседателка Османи кои се поставени на повеќе локации низ градот покрај кои ќе помине гостинката, а самиот градоначалник Биљал Касами на својот фејсбук профил објави добредојде и напишан како и што пишува на билбордите:
„Добредојдовте госпоѓо претседателке. Тетово ве поздравува“.

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека во четврток во градот ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје по повод престојoт на високата делегација на Косово.
Временото сообраќајно ограничување ќе почне од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета.
„Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата на булеварот Маршал Тито, на потегот од крстосницата со улицата Видоја Смилевски-Бато до крстосницата со улицата Благоја Тоска. Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање и на улицата ЈНА, на потегот од крстосницата на улицата Димо Гавровски-Кара со булеварот Илинденска, како и на булеварот Илинденска, на потегот од крстосницата на булеварот Маршал Тито со улицата ЈНА. На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните во четврток на 27-ми април да не се движат со нивните возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба, но и да имаат разбирање и трпение за изменетиот сообраќаен режим и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници, со што непосредно ќе придонесат за безбедна реализација на официјалната посета на косовската делегација.






