среда, 10 декември 2025

Биљал Касами заразен со ковид-19, претпладнево имал средба со швајцарската амбасадорка

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, јас сум позитивен на ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против ковид со самоизолирање. Во овој период моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје“, се вели во неговата објава на фејсбук.

Инаку, по природата на својата функција, градоначалник и лидер на партија, Касами има бројни контакти.

Тој претпладнево во Општина Тетово имаше средба со делегација на амбасадата на Швајцарија предводена од амбасадорката Вероника Хулма Марти.

Касами во петокот одржа прес-конференција во Скопје на која беа присутни поголем број на сопартијци и на новинари, а беше објавено приклучувањето кон Движењето Беса на политичката структура на Фатмир Лимани од Кичево.

Вчера пак, во Гостивар имаше средба со градоначалниците на Куманово и Гостивар и дебата за заедничките општински проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ