среда, 10 декември 2025

Беса е за три изборни единици и за консензус од сите партии

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот на Беса, Фадил Зендели по средбата со ВМРО-ДПМНЕ уште рече дека се подготвени да зборуваат за отворени изборни листи.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пак, и покрај разликите со Беса околу бројот на изборните единици, вели дека е важно што побрзо да почне собраниската расправа за законот за промена на изборниот модел кој помалите партии го поднесоа уште лани во март, а останува да се дефинира изборниот праг.

„Со колегите пратеници од Беса сме на заеднички став дека треба да има измени во изборниот модел со тоа што разликите се во бројот на изборни единици.  

ВМРО-ДПМНЕ смета дека би било подобро да биде една изборна единица додека ставот на Беса е за три изборни единици. Со пратеникот Панчо Минов имаме заеднички став околу тоа дека една изборна единица би била успешен и репрезентативен модел за целата држава и за граѓаните со тоа што би се разговарало за изборниот праг кој што во моментов не е утврден, но главната заложба на сите средби е предложениот закон за измени во изборниот модел кој што во моментов се чува во фиоката на спикерот Талат Џафери да излезе и да почне со собраниска процедура и да имаме јавна дебата за истиот закон“, изјави Милошоски по средбите со пратениците на Беса и со пратеникот Панчо Минов кој што е потписник на предложениот закон за една изборна единица.  

Милошоски порача дека предложените закони не треба да се кријат, треба да се дискутираат, а мнозинството пратеници ќе си одлучат кој закон сметаат дека е поволен и граѓаните ги претставува на најдобар можен начин во законодавниот дом.

Милошоски за утре најави средба и со Алијанса за Албанците кои пак бараат осум изборни единици, а не ја исклучува можноста пратениците од ВМРО-ДПМНЕ следниве денови да се сретнат и со ДУИ кои досега немаат јасен став, но претходно се залагаа да остане сегашниот изборен модел.

Малите партии, потписнички на измените  бараат да се отвори комисиска расправа во наредните 15 дена, а за висината на изборниот праг ќе се земат предвид компаративните искуства од земјите членки на ЕУ и ќе се утврди кој модел е најсоодветен за нашата држава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ