четврток, 18 декември 2025

Бајрами: Пет години по крвавиот 27 април ја продолжуваме борбата за демократија против режимот СДСМ-ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„Денес се навршуваат пет години од денот на битката против режимот на демократура на дело, со цел да ја вратиме Северна Македонија кон институционалната нормализација и на патот кон поразвиена демократија. Битка во којашто се пролеа крв, беа загрозени животи и беше нападнат храмот на демократијата. Но денес, после пет години, оваа битка се изневери и продаде од страна на еден нов режим којшто денес ги доби димензиите на оној минатиот“рече Бајрами.

„На 27 април, 2017 година, урнавме половина од режимот, Никола Груевски со неговиот клан и ветивме дека ќе продолжиме со уривање и на другата половина, партнерот на Груевски, ДУИ. На оваа изложба, јасно, на илустриран начин се гледаат настаните од тој ден.

За жал, денес СДСМ се соедини со половината на тој режим, со ДУИ и тие заедно создадоа хибриден режим, создадоа една безнадежна и разочарувачка власт. Ги амнестираа организаторите и извршителите на 27 април, неправедно го затворија Фета Алими и продолжија со криминалот и корупцијата, со заробеноста на државата, партизацијата на судството, ограбувањето на граѓаните и изолацијата на земјата“, рече портпаролот.

Сепак, како што нагласим Бајрами, Алијанса за Албанците е решена да ја продолжи оваа битка.

„Убедени сме дека ќе триумфираме. Ние не сме сами. Во оваа битка сме одлучни, заедно со граѓаните, со меѓународниот фактор и со сите тие коишто се против сите режими“, рече на прес-конференцијата порпаролот Наим Бајрами..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ