недела, 21 декември 2025

Бајрами: Град Скопје овозможи паралелка на албански јазик во „Владо Тасевски“

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека паралелката која не била дозволена на албански јазик е од електротехнички профил и телекомуникации и дека учениците биле доведени во ситуација да останат без свидетелства и да ја изгубат учебната година.

Според Бајрами, паралелката се држела како заложник поради, како што нагласи, пинг-понг однесувањето помеѓу директорот на училиштето и Министерството за образование.

„По доаѓањето на власт на новото раководство на Град Скопје, започнаа процедурите. Град Скопје испрати инспектори од Инспекторатот за образование и сопствен стручен тим за утврдување на фактичката состојба и беше констатирано дека учениците се присутни во училиштето и ја следат наставата. Благодарение на заложбата на новото раководство на Градот за создавање на еднакви услови за сите граѓани и нашата определба, а и на нашата заложба како претставници на Алијанса за Албанците во Град Скопје, овој проблем на учениците и родителите коишто со право беа загрижени за можноста на губење на годината на учениците, за среќа се спречува и тие ќе имаат можност на крајот на годината да полагаат и да ги добијат свидетелствата како што заслужуваат“, рече Бајрами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ