среда, 10 декември 2025

Арсовски: Миле Зечевиќ добил 30.000 евра за 2 години за адвокатски услуги на три општини што ги водеше СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Адвокатурата излезе најисплатлива професија во СДСМ. После адвокатското друштво Калеска – Ванчева кое инкасирало 55.000 евра од адвокатски услуги, сега го имаме и вториот адвокат кој што со лесни пари од СДСМ ги заработи без многу да се помачи, а од пред еден месец стана и втор човек во партијата на власт. Општините Неготино и Пробиштип и Градот Скопје, додека биле под водство на СДСМ, за само 2 години му овозможиле и му дозволиле на Миле Зечевиќ како адвокат да инкасира над 30.000 евра. Само од три општини заработил толку. Кој ли знае уште колку пари земало неговото адвокатско друштво од други институции и јавни претпријатија?

Дали има еден просечен адвокат во Република Македонија без партиски повластувања кој заработува вакви лесни пари како што заработиле Миле Зечевиќ и Калеска – Ванчева?“, изјави партсикиот порпарол Димче Арсовски.

Според него, во СДСм ништо не се менува и единствено ги интересира власта за да се здобијат со бенефиции и финансиска тежина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ