
Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес.
Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор.
Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Северна Македонија.






