сабота, 20 декември 2025

Амбасадата на Русија најавува „чувствителни мерки” по протерувањето на уште шестмина руски дипломати

Објавено на

часот

Сподели

„Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија.

Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани. Руските дипломати никогаш не се мешаа во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршуваа дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи”, објави Амбасадата на Русија на официјалниот Фејсбук профил.

Од Амбасадата најавуваат дека руската страна ќе преземе мерки, како што велат, „не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор”, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата за персона нон грата на 28 март годинава.

Македонското МНР денеска објави дека амбасадорот на Руската Федерација во Mакедонија, Сергеј Баздникин, повторно бил повикан во Министерството при што му била врачена дипломатска нота со која шестмина дипломати во амбасадата се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ