Ковачевски и Рама заминаа во Владата на тет-а-тет разговори, а потоа ќе биде одржан и состанок на делегациите на двете влади. Предвидено е потоа двајцата премиери да одржат заедничка прес-конференција.
Во состав на делегацијата предводена од премиерот Рама се Нико Пелеши, министер за одбрана, Мајлинда Дука, државен министер и главен преговарач на Албанија, како и заменик-генерален секретар, Елира Кокона.
Во состав на македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за правда, Кренар Лога, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

За време на посетата на Приштина Рама ќе се сретна со претседатлката Вјоса Османи, но не и со премиерот Албин Курти кој одби да го прими албанскиот премиер лут поради тоа што Рама не му пружи поддршка во неговиот спор со Белград, но уште повеќе во противењето од страна на ЕУ и САД за деескалација на состојбите на северот од Косово кои се тензични откако Курти и преку локалните избори во северните српски општини, одби да формира Заедница на српски општини.
Делегацијата што ја предводи Рама најави дека на косовското МНР му остава 13 договори меѓу Албанија и Косово кои се потпишани од албанска страна, а ќе стапат во сила кога ќе ги потпише косовската страна.






