понеделник, 22 декември 2025

Агресијата врз Украина е закана за мирот во Европа и светот: Ковачевски се сретна со украинската амбасадорка

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакна дека Република Северна Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласи дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.

Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ