сабота, 21 јуни 2025
Координаторот на пратениците од ДУИ реагира

Адеми: Милошоски дрско лаже за договорот со Бехтел и Енка

Објавено на

часот

Сподели

Адеми порачува: „Ако бараат изговори за блокирање на законите нека најдат пологична причина, а не да се служат со лаги. Го бараа договорот, ќе го добијат и сами нека одлучат на која комисија сакаат да се одржи и сами да одлучат кога да се одржи. Очигледно сега смислуваат лаги за да продолжат со шпекулациите за најголемиот стратешки проект на државата. Ова е целосна невистина и брутална лага“, рече Адеми.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска на прес-конференција истакна дека тие според Законот за класифицирани информации бараат да им биде биде даден на увид Договорот за „Бехтел и Енка“, а не, како што рече, некој министер да им го раскажува. Милошоски тврди дека Договорот веќе имале можност да го видат осум пратеници од ДУИ и двајца од СДСМ, од кои, како што рече, двајца пратеници немале безбедносен сертификат

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ