среда, 18 март 2026

AA: СДСМ и ДУИ леат крокодилски солзи, а го одбија предлогот за повисоки плати за наставниците

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата велат дека доколку беше власта искрено загрижена за вработените во образованието, ќе го прифатеше амандманот на пратениците на Алијанса за Албанците со којшто се предвидува усогласување на платите во образованието и другите јавни сектори согласно со зголемувањето на минималната плата.

„Ние го поддржавме зголемувањето на минималната плата, но коалицијата СДСМ-ДУИ во Комисијата за труд и социјална политика, гласаше против нашите амандмани и против зголемувањето на платите во образованието“, нагласува Алијанса за Албанците.

Партијата ги повикува пратениците на мнозинството и Владата „да престанат со театарот и измамата“.

„Да седнеме и заеднички да одлучиме да ги зголемиме платите на наставниците и вработените во секторот за образование и истовремено тие да престанат со злоупотребите и луксузирањето на нивните функционери“, велат од Алијанса за Албанците и потсетуваат дека во Собранието на Македонија на оваа тема предлозите ги изнесе пратеничката Илире Даути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ