Во соопштението на партијата се вели:
Беса ја напушти коалицијата со СДСМ кога. меѓу другото сфати дека наративот „Едно општество за сите” важи само за криминалот и корупцијата на највисокото раководство на СДСМ и ДУИ.
Да, Беса ја напушти коалицијата со СДСМ бидејќи ме можеше да седи рамо до рамо со Кочо Анѓушев, Рамиз Мерко и другите прогласени криминалци од страна на САД, кои сега се ставени во црната листа, но и со тие кои за кратко време ќе бидат ставени.
Вие заборавате дека стратешки партнери на Беса секогаш биле и ќе бидат ЕУ и САД, а не Вичиќ и Путин!
Ова е вистината, се друго е фарса!
Како и вашиот таканаречен Европски фронт, со кој се обидуваат да си ги перат гревовите, а од друга страна, Ковачевски и министруте на ДУИ трошаат пари на граѓаните за да пијат вино со Вучиќ кој има за цел само да иницира дестабилизација во Балканот!
Не за друго, туку да не им се смеат дека се патриоти на батерии. Крстот на Попова Шапка е дивоградба и мора да би отстранет бидејќи така налагаат позитивните законски прописи. Свесни сме дека неговото поставување е провокација и затоа сме крајно внимателни овој случај да не го внесуваме во дневно политичка агенда. А СДСМ и ДУИ заради сопственото лицемерие на 8 мај ќе бидат катастрофално поразени.






