“Во текот на денешниот ден досега имаме најмалку шест пожари на отворен простор, од нив само два се активни, останатите се изгаснати. Нов пожар од вчера е пожарот во атарот на село Беловодица, општина Прилеп, кој се одвива на големи височини и тешко пристапен терен поради што денес се упативме да дејствува еден ер трактор кој им помага на прилепските пожарникари. И натаму најтешкиот пожар е оној во ловиштето Јасен кој со денови се одвива, а врз кон дождот немаше никаво влијани. Во овој монет активен е само еден крак кој се движи од ловиштето кон езерото Козјак, односно кон ресторанот. Напред од пожарот има еден стрмен гребен на кој сто утрово со тим полициските ‘Тигри’ и армиските ‘Волци’ работиме на противпожарен пресек кој го чистиме и сакаме ако не успееме да го совладаме со летала, овде да го пречекаме и да не дозволиме да премине на другата страна“, изјави Ангелов.
Полициските „Тигри“ и армиските „Волци“ се на терен и се борат со големиот пожар во Јасен
Полициските „Тигри“ и армиските „Волци“ се на терен и се борат со големиот пожар во Јасен кој е еден од најопасните на територија на државава. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на овој пожар и дождот немал влијание.

Објавено на
часот





