Хеликоптерот Бел-412 дејствуваше на пожарите на врвот Лисец, помеѓу селата Г. Јаболчиште и Дреново, и на планината Серта, село Калањево.

За време на дејствувањето во 27 налета исфрли преку 40 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен и останати воздухоплови на терен се дејствуваше да се локализираат огнените стихии, соопшти МВР.







