Од ОЈО ГОКК информираат дека постои основано сомневање за инкриминирани активности, а повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на оперативните активности.
„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата“, велат од Обвинителството.






