Пред почетокот на вежбовните активности предвидени од 8 часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.
За медицинско обезбедување на боевото гаѓање се задолжени стручни екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.
Од СВР Охрид се упатува апел до граѓаните кои се движат во делот од градот каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.