сабота, 21 јуни 2025

Полицајците од ЕБР му покажаа на директорот на БЈБ како се апсат вооружени и опасни лица

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, денеска, присуствуваше на показната вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на полициските службеници за прием во Единицата за брзо распоредување кои успешно ја завршија шестмесечната обука.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, на вежбата биле презентирани тактики и техники од доменот на јавниот ред и мир и полициски опрации во урбана средина, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и напад на возило и апсење на вооружени и опасни лица.

„Колегите прикажаа и докажаа умешност, вештини и подготвеност кои гарантираат дека ЕБР е и ќе биде една од алките кои го сочинуваат безбедносниот систем подготвен деноноќно да служи на граѓаните и нивната безбедност. Благодарност до командантот и останатите раководители во Единицата, до инструкторите и менторите, како и до раководството на Одделот за специјални полициски операции“, истакнал директорот Јанев.

Преку вежбата, додаваат, биле презентирани и акции на приод и влез во објект во кој се наоѓа криминална терористичка група, неутрализирање на истите, како и апсење на дел од групата, со користење на оклопни возила, беспилотно летало дрон, како и останати средства и опрема со кои располага Единицата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ