понеделник, 15 декември 2025
Службеникот беше повреден со нож

Полицаецот што спречи девојка да се самоубие ќе биде награден од Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денеска го прими и разговараше со Беким Исмани, кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот кој таа го држела во раката, информирата од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза.

„Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност. Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување“, потенцирал министерот Тошковски.

Тошковски уште еднаш го нагласил фактот дека вистинската сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ