четврток, 19 февруари 2026

После 20 години Драчево доби ново кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.

Објавено на

часот

Сподели

„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, изјави синоќа градоначалникот.

Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево.
„Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од Киноверзум и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом. Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома.
Културата повторно пулсира во Драчево.
Таа доаѓа блиску, достапна и современа, отворајќи ново поглавје во локалниот општествен живот. Нека салата секогаш биде исполнета со насмевки, аплаузи и силни емоции“, напиша на својот фејбук-профил Ѓорѓиевски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ