понеделник, 15 декември 2025

Покренато обвинение против напаѓачот на градоначалничката на Град Скопје, Арсовска

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје до Основниот кривичен суд Скопје, доставило обвинителен предлог против С.Љ. за кривично дело насилство, заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Воедно со обвинителниот предлог доставен бил и предлог на јавниот обвинител за продолжување на мерката притвор против обвинетиот, информираа попладнево од Основниот кривичен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Кривичниот совет, постапувајќи по доставениот предлог за продолжување на мерката притвор, донесе решение со кое предлогот е основан, сѐ уште опстојуваат околностите, опасност од бегство и околности кои го оправдуваат сомнежот дека може да го повтори делото, па заради тоа ја продолжи мерката притвор за 30 дена. Што се однесува до обвинителниот предлог, согласно истиот оформен е кривично правен предмет со кој откако ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, и ќе биде насрочена главната расправа, истата ќе биде достапна преку календарот за судење на веб страницата на судот“, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ