„По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, Северна Македонија, дека параглајдерист полетал и како резултат на силни ветрови, го пренасочил својот лет и можел да падне во селото Аларуп, Поградец, службите на Локалната дирекција за граница и миграција од Корча веднаш се упатиле на дадената адреса, овозможиле негова локализација и воспоставиле контакт со спортистот В. П., кој бил во добра здравствена состојба“, стои во полициското соопштение.
Според полицијата лицето В.П. било превезено до граничниот премин Тушемиште и влегло на македонска територија. Тој им се заблагодарил на полициските служби за брзата интервенција и покажаниот професионализам.
„Граничната полиција останува максимално ангажирана во служба на граѓаните, посетителите и туристите и ги поканува сите што имаат потреба да се јават на бесплатниот број 112“, наведуваат од Дирекција за миграција и граница од Корча.






