вторник, 6 мај 2025

Поглаварот на ИВЗ Фетаи за смртта на папата Франциско: Загуба за мирот во светот

Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи изрази сочувство на социјалните мрежи по повод смртта на папата Франциско.

Објавено на

часот

Сподели

„Веста за смртта на папата Франциско не потресе и го дочекавме со жалење и тага. Католичкиот свет и човештвото загубија голем човек со исклучително влијание во развојот на светските настани. Тој посебно му посвети внимание на мирот меѓу луѓето и придонесе силно во меѓуверскиот дијалог со цел, јакнење на меѓусебното разбирање и почитување и мирот во светот“, стои во објавата на фејсбук профилот на ИВЗ.

Исламската верска заедница изразува искрено сочувство до Католичката црква во Македонија, на поглаварот, Монсињор, Киро Стојанов, на потесното семејство на папата и на државата Ватикан, се посочува понатаму во постот  на претседателот на ИВЗ – Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи објавен на фејсбук профилот на ИВЗ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ