„Од Северна Македонија, Горан Антевски (претседател на македонското здружение АОТС Алумни – Здружение за меѓународна техничка соработка и одржливи партнерства) е награден со пофалница за неговиот придонес во унапредувањето на взаемното разбирање меѓу Јапонија и Северна Македонија.
Антевски учествува во обука на АОТС во 2010 година и истата година е назначен и за претседател на македонското здружение АОТС алумни. Оттогаш, Антевски со голема посветеност ги промовира обуките на АОТС во Северна Македонија, придонесувајќи кон препознавање на важноста на обуките и зголемување на бројот на учесници од водечките македонски компании. Тој зема активна улога во процесот на селекција на учесници и често ги придружува во Јапонија, овозможувајќи успешна имплементација на програмата. Тој, исто така ја зајакнува координацијата на здруженијата АОТС алумни во соседните земји. Антевски е голем поддржувач на јапонските културни настани и дава значителен придонес кон зајакнувањето на пријателството и взаемното разбирање меѓу Јапонија и Северна Македонија“, соопшти Амбасадата на Јапонија.






