Така, од вечер на полноќ максималните цени на дизелот и бензините остануваат исти, а намалување од 1,089 денари за литар ќе има на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 32,883 денари за килограм.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,559 отсто, кај дизелот има намалување за 2,715 отсто, кај екстра лесното масло за 0,766 отсто и кај мазутот намалувањето е за 4,528 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2743 отсто.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат 75 денари за литар на еуросупер БС – 95, 77 денари на еуросупер БС – 98, 68,5 денари на еуродизел БС (Д-Е V), 66,5 денари на екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и 32,883 денари на мазут М-1 НС.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, додека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.






