среда, 2 април 2025

Подобрена е состојбата на двајца пациенти кои се лекуваат во Солун

Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија. Кај останатите пациенти состојбата од вчера е непроменета, се вели во денешното соопштение на Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството информира дека од вчера нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти. Во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Од нив по шест се во стара градска и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.

На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба. За денеска нема најава за враќање други пациенти од странство.

Внимателно се следи состојбата на повредените пациенти и остануваме во комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ