Обвинетиот, 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на свој профил и страница на социјална мрежа споделувал видео-снимка со која поттикнувал омраза и дискриминација кон лица врз основа на нивната етничка припадност.
Во содржината користел навредливи изрази кон припадниците на ромската заедница и повикувал тие да бидат спречени да гласаат на избори.






