„Мобилизација на сите надлежни служби на терен, поради подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб. На местото веднаш интервенираат екипите од ТППЕ Кавадарци, кои со координирани активности работат на локализирање и целосно ставање под контрола на пожарот“, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму подвлекоа дека ситуацијата е под постојан надзор сѐ до негово конечно згаснување.






