петок, 27 март 2026

Подготвителна средба на Муцунски и Варнс за стратешкиот дијалог во Вашингтон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва информираше дека денеска остварил средба со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата го потврдивме високиот степен на развој на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, разговаравме за продолжување на активностите во рамки на стратешкиот дијалог, како и за подготовките за вториот стратешки дијалог, што ќе се одржи наредниот месец во Вашингтон. Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон понатамошно продлабочување на билатералната соработка“, напиша Муцунски на неговата Фејсбук-страница.

Посебен акцент бил ставен и на економската соработка, со потенцијал за поттикнување на нови инвестиции, како и на реформските процеси поврзани со владеењето на правото и демократијата.

„Разговаравме и за улогата на нашата земја како фактор на стабилност во регионот, како и за актуелните глобални прашања, вклучително и случувањата на Блискиот Исток“, напиша Муцунски на Фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ