Кај обработливата површина намалување е забележано кај ораниците и бавчите за 2% и кај лозјата за 1.7%, а зголемување кај овоштарниците за 3.1%.
Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај компирот за 9% и кај краставиците за 3.6%. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај оризот за 6.9%, сончогледот за 10.2% и луцерката за 6.7%.
Во 2024 година, во однос на 2023 година е забележано значително зголемување на производството кај сите овошја.
Најголемо зголемување на производството е забележано кај јаболката за 59.1% и кај црешите за 41%.