сабота, 10 јануари 2026

Поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник Маврово и Ростуше од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше на средба во Маврово и Ростуше на која уште еднаш ја нагласи поддршката за кандидатот за градоначалник на оваа општина, Онер Јакупоски пред повторените избори во недела на 11 јануари.      

Објавено на

часот

Сподели

„Вечерва сме во Маврово и Ростуше со силна енергија, јасна визија и искрена поддршка за Онер Јакупоски – кандидат за градоначалник за Општина Маврово и Ростуше“, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Со искрена поддршка, посочува Мицкоски, покажуваме дека кога сме сплотени и обединети, можеме многу повеќе.

„Заедно градиме надеж, доверба и развој за секое семејство“, напиша премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Во недела ќе се одржат повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа поради недоволниот цензус на локалните избори што се одржаа на 19 октомври, минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ