вторник, 15 јули 2025

Поддршка за Кочани – собрани се пари за првата тура компресивна облека

Граѓанската иницијатива Поддрпка за Кочани (Support Kocani) собра средства за набавка на првата тура компресивна облека за повредените од трагичниот настан во
Кочани, во вредност од 923.458 денари. Парите се обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, соопшти граѓанската иницијатива.

Објавено на

часот

Сподели

„Компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Дополнително, веќе се обезбедени средства и за втора тура на облека, а на 16 и 17 јуни повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе почнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка.
Особена благодарност Support Kocani упатува до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобриле попуст во вредност од 19.600 лева, со што значително се олесни обезбедувањето на неопходната медицинска помош за поголем број повредени.
Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви
благодариме на сите вас – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што
покажавте што значи вистинска солидарност“, се наведува во соопштението на
иницијативата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ