Со тоа, нагласи Азески, ќе ја поддржат македонската економија и ќе помогнат да се подигне нивото на животен стандард во државата, како и да се зголемат профитите на компаниите.
„Оваа активност ќе повлече и намалување на трошоците што ги прават понеконкурентни нашите производи. Тоа ќе биде акција која ќе ги поттикне стимулативните активности и зголемување на продуктивноста, како и зголемување на бруто домашниот производ. Со тоа ќе покажеме дека имаме способност, организација и начин да се вклучиме во евроатланските интеграции на начин на кој сите тоа го прават, се бориме на пазарите со подобар и поквалиттен производ и со пониски трошоци да постигнеме подобри резултати“, рече Азески.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски информира дека на платформата „Македонско најдобро“ досега се регистрирни и одобрени 40-тина индивидуални земјоделски производители.
„Во тек е регистрацијата на дел од индивидуалните земјоделци и на сите преработувачки капацитети што постојат за преработка на примарни земјоделски призводи и регистрацијата на синџирите маркети кои овозможуваат достапност на нашите производи“, рече Трипуновски, најавувајќи дека кампањата ќе се прошири и на кондиторската индустрија, а целта е секој производ кој се продава од македонско потекло да го носи логото „Македонско најдобро“.
Поддршката од Стопанската комора, според него, ќе значи успех во раздвижувањето на домашната економија.
„Да ги помогнеме компаниите кои произведуваат македонски производи и да им оддадеме признание и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи, бидејќи тие се основата во делот на производството“, истакна Трипуновски.
Кампањата, според Владимир Трпаноски од „Витаминка“, ја поддржува и се вклучува и домашната кондиторска индустрија. Смета дека како индустрија ќе имаат огромен бенефит, а придобивки ќе има и македонската економија.






