При тоа се нагласува дека работниците не се сами во борбата за зголемување на нивните плати, а покрај поддршката од Сојузот на синдикатите на Македонија, поддршка пристигнала и од најголемата конфедерација на синдикати во светот. Генералниот секратар на Меѓународната конфедерацијата на синдикати, Лук Триангл испратил писмо до ССМ, но и до Владата и Собранието на Македонија

,,Ви пишувам во име на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), која претставува 191 милиони работници во националните синдикални централи во 169 земји, вклучително и во Македонија, за да ја изразам нашата сериозна загриженост во врска со неодамнешните извештаи за кампањи, а сè со цел клеветење како обид да се оштети или доведе во прашање угледот, а целосно насочени кон синдикатите како и извештаи за незаконскиот надзор на синдикалните лидери и членовите на нивните семејства.
Длабоко сме загрижени од ваквата дизајнирана тактика и креирана само за да се меша во фундаменталното право на работниците да се здружуваат и организираат, и со цел да се поткопа способноста на синдикатите ефикасно да спроведуваат легитимни активности и тоа со користење на кампањи преземени од политичари за надзор, оцрнување и осуда, особено кога се прават и инсинуации за некакво неправилно однесување од страна на членовите или лидерите на синдикатот, а сето тоа во контекст на спорот во областа на трудот кој постои”, се вели во писмото на Лук Триангл.
Воедно најавена е и посета на ССМ и Македонија, од страна на генералниот секретар на ITUC, Триангл, првиот човек на Мешународното синдикално движење.






