четврток, 15 јануари 2026

Поддршка на секој закон што го штити здравјето на граѓаните, вели Ристески

Треба да се има поддршка на секој закон што го штити здравјето на граѓаните, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој присуствуваше на настан во општина Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

Тој беше прашан дали е предвидена средба со угостителите во однос на најавениот закон против пушење.

„Новиот закон за пушење што е во најава е во надлежност на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд. Секако дека ќе има средби со угостителите и со сите со цел да бидат запознаени пред се од страна на Министерството за новиот закон. Јас сметам дека треба да се има поддршка на секој закон што пред се го штити здравјето на граѓаните и постепено законската регулатива да ја адаптираме и прилагуваме на европските законски регулативи“, одговори Ристески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ